Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на компанијата „Костал“ беше предадена вредна донација која се состои од компјутерска опрема.
Опремата е составена од 13 преносни компјутери (лаптопи), 9 десктоп компјутери, 4 рутери, еден сервер и останата мрежна опрема. Таа е наменета за подобрување на компјутерската мрежа во училиштето како и подобрување на условите за работа и изведувањето на наставата.
Донацијата е резултат на повеќегодишната соработка на компанијата „Костал“ со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ што се одвива преку дуалното образование, а која ќе продолжи и во наредниот период.