недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Сведоштво на жена за чудо извршено над неа за време на бдението на Св. Игнатиј Богоносец во црквата Св. Троица во Охрид

 

На наша сеопшта радост, денеска во храмот ни дојде верничка која озарена во ликот од радост посведочи за чудото кое и се случило. Имено, станува збор за жена од Охрид чие име нема да се сподели поради нејзина приватност, но сведоштвото е споделено со причина да се поучат многу луѓе дека моштите од Св. Игнатиј во Црква Св. Троица се чудотворни, пишуваат од црквата на нивната Фејсбук страница.

Во продолжение следува нејзиното сведоштво за тоа што точно се случи:

„Шест години се обидувавме да имаме дете. За жал, имав неколку спонтани абортуси, само што ќе се створеше плодот го губев. Бев на лекар, медицината велеше дека проблемот не може да го потенцираат, рекоа дека се е во Господови раце. Неколку луѓе ми спомнаа за чудата кои се случуваат во Црква Св. Троица во Охрид на моштите на Св. Игнатиј Богоносец дека многу парови после читање на молитва добиле дете. Дојдов во храмот на бдението на Св. Игнатиј. Срцето ми гореше од љубов и бев убедена дека светителот ќе направи чудо. Кога заврши бдението, Отец Александар и монахот од Бигорскиот манастир, Отец Анатолиј, читаа молитви над кивотот со мошти. Побарав да ми прочитаат молитва. Отец Александар ми рече дека треба и сопругот да биде тука за да се прочита молитвата, бидејќи молитвата се однесува за двајцата. Веднаш му се јавив на сопругот за да дојде. Беше околу 2 часот после полноќ. Го почекавме сопругот и откако дојде, отецот почна да ни чита молитва. Првично ја зеде раката со моштите од Св. Игнатиј, ми ја стави на утробата, едноставно ми ја благослови. Потоа, епитрахилот го стави врз нас и раката од светителот ја постави над нашите глави. Започна да се моли. На крај од молитвата ми даде еден од благословените појаси кои се благословуваат на моштите од светителите. Исполнета со радост си заминавме дома. По неколку дена, мојата здравствена состојба се влоши. Јас бев позитивна на ковид. Но сето тоа не ме спречуваше да верувам дека Св. Игнатиј ќе направи чудо. Откако ми заврши периодот за изолација, отидов на преглед кај матичниот доктор и следуваше неизмерната радост. Јас бев бремена со близнаци. Откако ми беше даден појасот од отецот, јас цело време го носев на мојата утроба. Му благодарам на Бога и Св. Игнатиј што на мене изврши такво големо чудо. Го молам и за сите останати жени кои сакаат да имаат деца и нив да им подари. Милостивиот Бог се смилува и на мене и ме зарадува во деновите кога најмногу ми беше потребно.
Им порачувам на сите жени верници, односно на сите парови кои сакаат да имаат деца, но имаат проблем со истото, да дојдат во храмот на Света Троица да им се прочита молитва на моштите од Св. Игнатиј и со вера да ја добијат истата радост која јас ја добив.“

Ова го посведочи и сведоштвото нејзино е вистинско, пред Бога и пред луѓето дека нашиот голем заштитник, Св. Игнатиј Богоносец цело време чудотвори. Ова е само едно од многуте чуда кои овој светител ги извршил. Нека ова сведоштво е поттик за сите верници да ја зајакнеме нашата вера и љубов во Бога и да пристапуваме со молитви кон Св. Игнатиј постојано да ни помага.

Нека е слава на Бог, Света Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух,

 

Црква Св. Троица Охрид