понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборСвет

Меѓународен ден на жената – 8 Март

Меѓународниот ден на жената – 8 Март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Во Социјалистичка партија на Германија (СПД), Клара Цеткин заедно со Роза Луксембург, нејзина блиска пријателка и лице од доверба, била една од главните фигури на крајнолевото револуционерно крило на партијата. Во дебатата за ревизионизмот на почетокот на 20-от век, таа заедно со Луксембург, ги нападнале реформистичките тези на Едвард Бернштајн.

Цеткин била многу заинтересирана во политиката кон жените, вклучувајќи ја борбата за еднакви можности и правото на глас за жената.Таа го развила социјалдемократското движење за жените во Германија; од 1891 до 1917 го уредувале женскиот весник на СПД Die Gleichheit (Еднаквост). Во 1907 станала водач на новосоздаденото „женско биро“ на СПД. Таа го започнала првиот „Меѓународен ден на жената “ на 8 март 1910, отпочнувајќи ја идејата во Копенхаген.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. По победата на Болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8-ми март е прогласен за државен празник.

Симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството.

Република Македонија значително работи на сите полиња-економски, политички, социјални и здравствени, се со цел да се подобри и олесни животот на секоја жена во ова општество.

 

 

извор/фото: агенции