АктуелноОхрид

Бочварски: Над 65 проценти е прогресот на автопатот Кичево-Охрид, треба да биде завршен кон крајот на 2023

Министерот Бочварски при денешната посета на Охрид  истакна дека над 65 проценти е прогресот на автопатот Кичево-Охрид кој се очекува да биде завршен кон крајот на 2023 година.

Во однос на тоа дали ќе има поскапување на материјалите за изградба на автопатот, Бочварски истакна дека не сака да прејудицира во однос на цените додавајќи дека најважно од се е да продолжи градбата на автопатот согласно законот и процедурите.

Што се однесува до нелегални градби во заштитениот појас во Охрид и околината, министерот вели дека инспектори се постојано на терен.  По реакциите од страна на граѓанските организации и екологистите за неконтролираната урбанизација со која градот може да биде ставен на црната листа на УНЕСКО од Министерството за транспорт и врски најавија секојдневни контроли каде има пријави од страна на граѓаните и почитување на планот за управување и препораките на УНЕСКО.