Александар Стојков од Свети Николе, од 21 март до 5 април на велосипед ќе пропатува по поранешните југословенски републики во чест на мајка си Вера, но и на сите кои ги загубија животите во пандемијата.
Идејата за ваков спортски предизвик, Стојков ја добил кога починала мајка му, бидејќи не успеал да го исполни ветеното, да ја прошета по местата каде што работи.
Сето тоа го мотивираше да осмисли аматерска маратонска тура со велосипед, која ќе ги обедини сите тие места, сите главни градови на овие 6 држави, сите места од неговото детство, сите важни места за семејството, но и за нас како држава, Македонија.
Велосипедската тура почнува од родното место на Вера и на Александар, Свети Николе, на 21 март и ќе се вози низ 5 поранешни Ју-републики (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора) и Албанија, а финишот повторно е во Македонија, на 5 април година.
Целта на оваа велосипедска тура е возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори. Да покажеме дека границите може да ограничат еден простор или држава, но не можат да не делат и да не спречат да се почитуваме, вели Александар.