АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Болницата „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп со кој е извршена операција на тумор на мозок , информираше на својот фејсбук профил екс министерот за здравство Венко Филипче.
-Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп. Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.
На моите колеги им поскаувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување, напиша во објавата Филипче.