АктуелноОхрид

Опожарено патничко возило „Бмв“ во струшката населба „Плитишта“

На 14-ти февруари 2022 година, во 00:10 часот во ОВР Струга пријавено е дека било опожарено патничко возило марка „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, паркирано во населбата „Плитишта“, сопственост на 55-годишен Стружанец.
– Нема повредени лица, а интервенирала територијалната противпожарна единица. Увид изврши екипа од ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.