АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Одговоривме на секој проблем на граѓаните, следуваат низа капитални проекти

Откако се организиравме, врз основа на динамиката и начинот на кој што ги поставивме работите, посветено, јасно и недвосмислено одговоривме буквално на секој еден предизвик, проблем со кој што граѓаните во овој период од сто дена се соочуваа. Отпочнавме проекти кои што веќе беа завршени по однос на проектна документација, а во периодот којшто следи ќе посветиме дополнително влог затоа што сепак сто дена се сосема малку за она што треба да претставува изборна програма да се реализира, и затоа во најголем дел од мојата програма работите ги предвидовме уште во 2022 година со изгласување на буџетот, да се отпочнат со реализација, односно проектирање, изјави градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков во интервју за вестите на Сител телевизија.

Посветивме внимание на социјално ранливите категории, вметнавме за првпат стипендии за деца со посебни потреби, а секако и обезбедување простор на неколку организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Едноставно покажавме отвореност и буквално во секој момент да можеме да одговориме на потребите на граѓаните. Тоа не е само затоа што е почеток туку и во наредните четири години ќе го правиме тоа, бидејќи ние сме сервис на граѓаните, рече Пецаков.

Тој за следниот период најави изградба на нови улици, реконструкција на плоштади, изградба на игралишта и други капитални објекти.

Во следниот период ќе има изградба на седум улици на територија на општина Охрид, зборувам за поголеми улици не за сокачиња. Во моментов имаме археолошки истражувања од страна на Завод и музеј Охрид за реконструкција на плоштадот “Крушевска република”, односно плоштадот “Чинар”, понатаму ќе продолжиме со документација, се до добивање на одобрение за градба и веќе на есен очекуваме да ја отпочнеме изградбата на овој плоштад. Поголемиот плоштад “Св. Климент Охридски” ќе биде реконструиран понатака во мандатот. По однос на другите работи кои што претставуваат капитални, веќе го добивме конзерваторското одобрение за катната гаража, ќе следи период за добивање одобрение за градба за катната гаража која што е еден од горливите и суштински проблеми по однос на паркирањето посебно во летниот период. Така да, овие проекти кои што ги кажав надополнети, заедно и со парковите и со детските, фудбалските, мултифункционалните игралишта се остварливи во еден четири годишен мандат, истакна градоначалникот на Охрид.

По однос на плажите, Пецаков појасна дека во моментов е изработка на план за управување со Охридското крајбрежје кој што зависи исклучиво од Министреството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање.

Ние имавме состаноци со двете институции, и со агенцијата, и со министерството и ги побаравме опфатите каде ќе може понатаму да се уредуваат плажите, за откако ќе добиеме локации каде би се уредувале, ние врз основа на она што го имаше како јавен повик општината ќе објавиме повици и заинтересираните ќе може да учествуваат, со тоа што веројатно нема да станува збор како претходно за долга закупнина, туку за кратка, меѓутоа за тоа потоа во заемна соработка со Министерството за животна средина, транспорт и врски и секако УНЕСКО ќе ги регулираме сите тие работи, нагласи Пецаков.

На прашањето како ги коментира барањата на СДСМ за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и останати членови на партијата, Пецаков рече дека тој лично го квалификува како дефокусирање од главните теми и главните проблеми на граѓаните.

Начинот на кој што функционираат и букирајќи го просторот во медиумите исклучиво насочени према оставките на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицковски и на цело раководство кажува дека тоа е класичен дефокус од оние проблеми кои што граѓаните во моментов ги имаат. Буквално секое поле, индустрија, економија, здравство, судство имаме катастрофални резултати и затоа сме така рангирани според светските организации, како за корупција така и за сиромаштија, напомена Пецаков.

Посочи дека ги затекнале општините во многу лоша ситуација.

Конкретно општината Охрид е веројатно втора општина во Македонија по долг, четиринаесет милиони на општината и уште осум милиони евра на јавните претпријатија, вкупен долг од 22 милиони евра и тоа ќе влијае на работата на градоначалникот не само на Охрид, туку на секоја една општина. Онаму каде што имаме забелешки по однос на начинот на кој што се спровела некоја постапка, секако дека ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече Пецаков.