АктуелноВидеоПолитика

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ против поголеми плати на 4.700 наставници и нивно трајно вработување

И овде, во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата, против работниците и наставниците.  Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира законското решение за трансформација на работниот однос на 4.700 наставници во образованието од определено на неопределено работно време. Го блкокира и покачувањето на нивните плати, преку усогласување според минималната плата, истакна пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Десктруктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на наставниците, стручните соработници и работниците.

Трансформацијата на работниот однос освен што ќе обезбеди трајно вработување, ќе обезбеди и повисоки плати, како на овие 4.700 наставници и стручни соработници, така и на сите наставници и стручни соработници.

МОН и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со која се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата, со зголемување на минималната плата, се зголемува и платата на наставниците и стручните соработници.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престане со неодговорното постапување и да се откаже од блокадите на ова, но и на другите законски решенија кои носат придобивки за граѓаните. СДСМ и ова мнозинство ја зголеми минималната плата од 8.800 денари во време на ВМРО – ДПМНЕ на 18 000 денари. СДСМ се грижи за работниците.

Ние како парламентарно мнозинство ќе сториме се блокадите да бидат надминати и измените на важните закони да бидат донесени. Остануваме посветени на мерки и решенија кои го подобруваат економскиот стандард и носат придобивка за сите граѓани.