На социјалните мрежи се шират пораки со кои на граѓаните им се соопштува дека за нив во Пошта има стасано пратка. По тоа од корисниците се бара да го платат износот па да ја подигнат пратката. Досега многумина веќе наседнале, а за случаите е известена и полицијата.
Од АД „Пошта на Северна Македонија“ велат дека тие известувања на социјалните мрежи се дезинформации и дека не ги испраќала компанијата.„АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување, велат оттаму.Додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките е преку пошторазнесувачите и апелираат секој неовластен обид за злоупотреба на пошта да се пријави.