АктуелноОхрид

Општина Струга ја продала зградата на водовод, па сега месечно плаќа 3000 евра кирија, антикорупциска ќе го проверува случајот

Антикорупциска ќе го испитува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продала земјиштето и објектот во кој беше сместено ова јавно претпријати, па сега струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина.

„Да се продаде деловен објект на јавно претпријатие за потоа да се плаќаат високи кирии, првиот коментар е дека тоа оддава слика на недомаќинско работење. Кои се причините за тоа да се направи би било интересен податок за нашата комисија, зошто е продаден објектот, зошто се плаќаат толкави кирии, колку е всушност киријата по метар квадратен во тој регион…“, изјави Биљана Ивановска, Претседателка на ДКСК, за СИТЕЛ.

Директорот на Водовод, Дашмир Насуфи, тврдеше дека станува збор за над 400 квадрати простор и оти тој договор тој го наследил. 

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Во јавноста се шушка дека истиот ќе биде дислоциран, а на негово место изграден профитабилен проект.