- За планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.3-опфат 2, Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, ohrid.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 3-опфат 2, Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е согласно одобрена Планска програма со тех. Бр.74-21 од февруари 2022г, а основ е постојниот ГУП за град Охрид. Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: А-домување и престој, Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури и Д1-паровско зеленило, со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основната, во рамки на дозволениот процент. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документот нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.
- Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Општина Охрид