Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Битола, повредени 10 лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката Кронберг и Шуберт, патнички автомобил и паркиран камион влекач, информира Телма ТВ.

Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди.

извор/фото: ТВ21