АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Ивановски: Во 2017 автопатот Кичево – Охрид беше изграден 51%, сега имаме едвај едвај 70%

СДСМ во последниве 5 години по трет пат формира старо-нова влада и по трет пат во владината програма ветува изградба на инфраструктурни проекти кои во реалноста и не се случуваат. Ниту пак меѓувремено оние проекти започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ добиле некаков прогрес во нивната реализација. Продолжувајќи во истиот стил на ветено и неостварено СДСМ мораа себеси да се надминат, и слушнете што се ветија дека ќе реализираат и ќе работат овие наредни две години, истакна Синиша Ивановски од ВМРО ДПМНЕ.

Тој додаде: „Ветија изградба на Коридорот 8, тука пред се мислат на Тетово – Гостивар проширување до ниво на автопат, потоа изградба – завршување на автопатот од Кичево – Охрид, како и автопат од Требеништа до Струга и Ќафасан. Потоа ветија железничкото поврзување од Куманово до Крива Паланка па се до границата со Бугарија, целосна реконструкција и доизградба на коридорот 10 и неговиот крак 10-Д, тука пред се мислат на експресниот пат од Градско до Прилеп како и автопатот од Прилеп до Битола и понатаму до границата со Грција.

И ова се добро звучи на хартија, ова е лесно да се стави во владина програма но кога ќе дојдеме до оперативно реализирање на ветените инфраструктурни проекти сфаќаме дека си имаме работа со СДСМ, си имаме работа со нивната нестручност, нивната инертност, и нивната неможност да ја градат државната инфраструктура.

Како коментар ќе додадам дека Македонија ниту има капацитет финансиски во две години да ги изгради или пак паралелно да ги гради сите овие инфраструктурни ветувања, ниту пак има капацитет на градежната оператива во државата за да се направат сите овие делници. Како еден пример ќе наведам еден голем шопинг мол во Скопје кој што неодамна се градеше, истиот тој сериозно ја подзакочи целата оператива во оваа држава, па затоа за да се заврши овој шопинг мол имаше потреба да се носат градежни екипи од државите до Македонија.

 Изградба на автопат Кичево – Охрид

За овој автопат веќе е и срамно да се говори, петта година поминува како СДСМ се докажаа како мајстори за застој во изградбата на овој автопат. Наместо да се возиме веќе втора, трета година по модерен автопат, на самата траса гледаме никната трева и гледаме недостиг на механизација на градежна оператива. Ќе потсетиме во 2017 година при примопредавање на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за реализација на овој автопат беше заклучено дека е направено 51% од реализираност, денес после 5 години имаме само едвај 70% во реализација, а она што е поважно овој автопат успеаја да го дигнат во чинење за скоро 200 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=O4G4uDdzG0o