АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Бесплатен паркинг во Охрид за големиот празник Богојавление – Водици

На 19. 01. 2022 (среда), јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие „Билјанини извори“ ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот верски празник Богојавление – Водици и на таков начин, на симболичен начин, ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето на истиот.