АктуелноОхрид

(ФОТО) Пецаков: Привршуваат подготивките за прославувањето на големиот Христијански празник Богојавление – Водици

Привршуваат подготивките за прославувањето на големиот Христијански празник Богојавление – Водици.
👉Вчера, членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското езеро кај Градското пристаниште, каде што ќе се положи чесниот крст.
👉Од ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад.
👉Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.