АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: На Божиќ се губи темнината на безнадежноста, а се појавува светлината на Божјата милост

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Божиќ е рoждeствo на Спаситeлoт наш Исус Христoс. Христовото вочовечување е вистински знак и сигурен излез кој треба да се следи за победа над злото што нè опкружува. На Божиќ се губи темнината на безнадежноста, а се појавува светлината на Божјата милост.

Со работа, мудрост и истрајност да го потврдиме патот за напредок на Охрид и Република Македонија.

Да ја негуваме православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ.

Да бидеме здрави, да се радуваме, да делиме љубов, да бидеме милостиви!

Христос се роди!

Навистина се роди!

Честит Божиќ!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид