четврток, февруари 29, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Честитка на градоначалникот Пецаков за Божиќ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои големиот верски празник Божиќ го слават по Јулијански календар.

– Драги христијани со православна  вероисповед и почитувано  свештенство на Mакедонската Православна Црква, ви го честитам најголемиот и најрадосниот празник Божиќ со кој го славиме раѓањето на нашиот Бог.  Во  добро здравје со чиста мисла и  ведар дух започнете го празнувањето  со кое се величаат духовните и морални вредности  кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови  онака како што налага традицијата  мирно и радосно  во кругот на семејството со најмилите. Сакајте се и не правете лошо зошто со своите постапки ќе ги потврдите најголемите вредности на Божиќ- надеж , вера и победа на доброто.

Сите ние во духот на  божиќните празнувања треба да ги прифатиме  различностите  во мислењето како  придонес  во  барањето решение,  а не како проблем. Зошто Божиќ е празник кој упатува на толеранција меѓу луѓето. 

Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено  да ги победиме сите искушенија и  зла.  Бог нека ни подари верба заеднички  да создадеме  услови за подобар  и посреќен живот за нас и нашите деца. Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба. 

Уште еднаш на сите православни христијани им го честитам големиот  верски празник Божиќ. Христос се роди! – Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Пецаков.