АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Паскали: Надоместот на штетата ќе биде дониран на здруженија на деца со ретки болести

По однос на неодамна донесената пресуда за пчеларр од Охрид кој треба да плати 15 илјади евра дека неговиот рој на пчели го нападнале охриѓанецот Васко Паскали, со своја објава се јави и оштетениот Паскали, кој пишува:

Почитувани, Во врска со написите во одредени портали должен сум да и појаснам на јавноста која што заслужува да ја знае вистината. Имено со оглед на тоа дека судската разрешница за немилиот настан кој можеше да заврши трагично, кога на самиот булевар се истури рој пчели врз моето пет месечно бебе е после 8 години од слученото кривично дело, јасно е дека обвинетиот вршеше притисоци врз мене за да ја повлечам кривичната пријава, а исто така вршеше притисоци и на припадници на органите на прогон па поради таа причина е одолговлечена целата постапка. Воедно ја информирам јавноста дека не се работи за правосилна судска пресуда, туку за пресуда на Основниот суд во Охрид со редовен правен лек односно право на жалба до Апелациониот суд во Битола. Како што напоменав дека постапката сеуште нема правна завршница и дека без оглед на исходот од постапката досудениот износ за надомест на штета ќе биде дониран на здруженија на деца со ретки болести и посебни потреби, појаснува Паскали.