АктуелноИздвојувамеРепублика

Дали „Бранкојавјение“ ќе ги охрабри некои „Вмровци“ да пишауваат на Фејсбук ?!

Освен Кирил Пецаков и Сашо Донев и повремените постови на поранешниот секретар Димитар Спасески и адвокатот Мишел Наумоски експониран партиски член, јавноста во Охрид од лицата кои беа дел од партискиот и градскиот естаблишмент на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, нема прочитано или слушнато било каков став за било што, а најмалку критика за политиките на Зоран Заев кои ги води од 2016 до денес, нити видено дека некој лајкувал било каква содржина каде се критикува Заев на социјалните мрежи. 

Молкот и безгласност трае сите овие години, а во партиските кулоари на ВМРО ДПМНЕ, но и во градот стојат шпекулациите зошто речиси цела партија во Охрид молчи на социјалните мрежи, а од вечерва се чека домино ефектот на реакциите по интервјуто на Заев за БГНЕС и враќање во јавноста на некои од партиските експоненти кои ги нема со години.

Четири години молк од повеќето поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, никаде искажан јавен став за политиките на Зоран Заев, никаде пост со поддршка на партијата на Фејсбук, игнорирање на се што се случи од тогаш до денес и бројни шпекулации кој со што бил уценет и кој со што се пазарел за да ја остават партијата настрана од нивниот јавно искажан збор.

Дали бурата од реакции која ги зафати пред се членовите на СДСМ ќе ги зафати и на админситративците и поранешните функционери од ВМРО ДПМНЕ од Охрид кои по 2016 година никогаш јавно не го нападнаа или искритикуваа Зоран Заев и неговите политики и дали обраќањето до јавноста на Бранко Црвенкоски ќе ги охрабри поранешните експоненти на ВМРО ДПМНЕ од Охрид да почнат да го спомнуваат Заев во јавноста ќе видиме наскоро, од како ќе е појасен расплетот на заплетот во СДСМ.