АктуелноИнтервјуаРепублика

(ВИДЕО) Јорданоски: Најдоброто што ќе се случи за Македонија на овие избори е што ДУИ конечно ќе замине во опозиција

Избори во земјава на 15 јули. Каков период ни претстои но и колку е народот подготвен за избори, во интервју за Охрид 1 зборува Данел Јорданоски – Кандидат за пратеник и носител на листата на ГДУ во ИЕ 5.

„Малку е критичен овој период, затоа што овој период има такви турбуленции и психички туртури и реално народот тешко дека е спремен за избори“, вели Јорданоски.

Што се однесува за планот на ДУИ премиер на земјава да биде албанец, претседателот на ОО ГДУ од Охрид вели:

„Албанците се две декади заштитени мечки, не одговараат ни пред судот, ни пред правдата ни пред законите. Изминативе години знаеме дека ниту еден функционер на ДУИ не застанал пред лицето на правдата. Од друга страна пак ако зборуваме тоа кој му овозможи на ДУИ таква комоција. За жал проблемот не е кај нив туку кај граѓаните и македонските партии кои изминативе 30 години даваатс е живо само за да дојдат на власт. Нивната цел е власта, а цената која треба да ја платат е небитна. ВМРО ДПМНЕ беше на Власт цели 11 години. за овој период апсолутно се им беше дадено и преку дадено. Кога во еден период од владеењето ВМРО ДПМНЕ имаше 61 пратеник и не им требаше коалиција, тие сепак искоалицираа со ДУИ и направија Власт. Во тие мандати се случи аболицијата на хашките случаеви, нашите отидоа во ХАГ, а тие беа аболицирани. Незамисливо беше и министер за надворешни работи, кој до вчера беше и претседател на собранието тоа му го дозволи ВМРО ДПМНЕ и ако тоа беше фрапантна информација, сепак се случи. И законите за јазиците кои се штампаа и дозволија да се отвори темата за двојазичност. Од тие лицемерни изјави на ВМРО ДПМНЕ кои цело време нафрлаа националистички теми а сепак доволни еа 11 години да процениме какви се.

Од друга страна СДСМ кои до 2014, 2015 год со проектот „Вистината за Македонија“ толку силно удираше на ДУИ и не штедеше зборови за да ги нарече криминалци, за по ова за да падне Груевски, заев се фати за таа рачка која дефинитивно испадна трула. Нели во македонија донесоја двојазичниост, нешто за што истиот тој Зоран заев викаше дека тоа неможе да се случи. Многу работи им удоволија, а меѓу другото и претседател на собранието. Овие теми беа незамисливи, како што денес е незамисливо премиер албанец. Етничкото потекло не е проблем, туку наметнувањето на таквата теза од Али Ахмети. Затоа сувишно е да се разговара за овие сестрински партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и нивните погледи. Нивниот поглед е удобната столица каде имаат власт. За да дојдат до таа власт не прашуваат ништо, а цената ја плаќа народот. Ние пак стоиме тврдо и сме убедени дека доколку го добиеме гласот на народот нема да направиме никаква коалиција и нема да поддржиме никаква опција во која ќе биде вклучена ДУИ. Овие личнисти за нас имаат премногу политички багаж имаат премногу црни дела зад нив, ни една бомба од Ал чека, ни еден случај не се отвори. Најдоброто што ќе се случи за Македонија на овие избори е што ДУИ конечно ќе замине во опозиција.

Јордановски го кажа својот став за тоа како земјава се справувава со здравствената и економска криза, а открива и дел од проектите на партијата.

Интервјуто во целост со  Данел Јорданоски – Кандидат за пратеник и носител на листата на ГДУ во ИЕ 5 во продолжение.

 

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/320721248920803/