АктуелноИнтервјуаРепублика

(ВИДЕО) Јаневски: Годинава ќе научиме други елементи во туризмот, затоа што домашните туристи се дијаметрално спротивни од странските

Кампањата „Дома си е дома“  е насочена за домашните туристи,  со цел да граѓаните да се мотивираат во 2020 год, одморот да го поминат во својата земја. Снимањето на промотивните спотови започна вчера. Ќе се изработат 10 тина спотови на десет дестинации во кои ќе прикажеме повеќе од 60 тина атракции кои туристите можат да ги посетат. Станува збор за атракции познати, но и оние кои се подзаборавени, и оние кои воопшто не се знаат, кај нас, како што е „Долината на кактусите“ и многу други.  Сето ова на модерен начин, во видеа од 30 до 40 секунди. Првото видео треба да биде прикажано во среда.

„Ние во туризмот од 2008, 2009, 2010 година имаме постојан раст. 2020 требаше да биде пик на три годишното планирање на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и очекуваме раст помеѓу 15 и 20% раст во бројот на ноќевања и некаде помеѓу 5 и 7 % раст во број на туристи. Дека сме биле на прав пат покажаа и првите два месеци во годината, каде имавме раст помеѓу 15 и 20 % или првиот девизен прилив во првиот квартал во македонската економија се влејани околу 63,7 милиони долари од туризмот, што претставува 0,67 % повеќе од минатата година. Сепак мислам дека 2020 год. ќе научиме други елементи во туризмот, затоа што домашните туристи се дијаметрално спротивни од странските туристи. Нивните барања и очекувања се поразлични. Но кога ќе го „испечеме“ и ова, мислам дека ќе се искачиме едно скалило повеќе и многу работи ќе ги цениме повеќе што ги имаме и повеќе внимание ќе обрнуваме на секој гостин, отколку во минатото“, истакна директорот на агенцијата за промоција и поддрршка на туризмот Јупчо Јаневски.

Директорот Јанески истакна дека очекува викендите во Охрид да бидат многу посетувани, исто и во Струга и другите туристички места, а големите градови да се испразнат.

„Од 24 февруари 2020 год го создадовме координативното тело во туризмот во кое учествуваат сите туристички комори и асоцијации и сите чинители во туризмот . До денеска се испочитувани околу 95 % од вкупниот број на барања. Во овој сет на мерки се опфатени и туристичките агенции. Знаеме дека нетрпеливоста е многу голема, сакаме да имаме отворени граници и на тој начин да дојдат поголем број на туристи, но сепак треба да бидеме и свесни дека сите мерки кои ги има превземено државата е за заштита на нашите граѓани“, вели Јаневски.

Што се однесува до отворањето на граничните премини Јаневски вели:

„Ние го предвидуваме отворањето во два сегменти. Прво за домашните туристи со сите протоколи кои започнуваат од 22 ри, а при тоа сите поединечно треба да почитуваме мерки и препораки. За отворање на граници треба да размислуваме за месец месец и половина и тогаш треба да очекуваме гости од регионот. Оваа година ќе ја одбележат домашните и регионалните гости“, вели Јаневски.

Во продолжение проследете го во целост интервјуто со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

https://www.facebook.com/ohrid1/videos/2697685560464801/