АктуелноОхрид

Затекнат скопјанец на паркинг простор на ул. „Партизанска“ во Охрид со две лица на кои им овозможил користење на дрога марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „oвозможување употреба на наркотични дроги“.

 

При извршена контрола, полициските службеници го затекнале пријавениот на паркинг простор на ул. „Партизанска“ во Охрид со уште две лица на кои претходно, им овозможил користење опојна дрога марихуана.

 

Тие беа лишени од слобода и со нив, во СВР Охрид беа извршени службени разговори.