„Кога протоколите молчат, анестезиологот е гласот на проценката“
Автор на текстот е Науч. сор. д-р Александра Гавриловска Брзанов, специјалист по анестезиологија, реанимација и интензивно лекување и заменик-национален координатор за трансплантација.
Во авторскиот текст, д-р Гавриловска Брзанов се осврнува на специфичностите на анестезијата кај пациентите со ретки болести, кај кои генетските, метаболичките, невромускулните и мултисистемските нарушувања можат значително да влијаат врз реакцијата на анестетиците и врз безбедноста на интервенцијата. Посебно се нагласува значењето на индивидуализираниот пристап, деталната предоперативна проценка и клиничкото искуство на анестезиологот. Anestezija_retki_bolesti_FINAL …
Текстот ја отвора и важната тема за ситуациите во кои за ретките болести не постојат стандардизирани анестезиолошки протоколи, кога анамнезата, искуството од претходни интервенции и информациите од пациентот и семејството можат да бидат клучни за безбедно спроведување на анестезијата. Anestezija_retki_bolesti_FINAL …
Ве покануваме, доколку сте во можност, да го објавите авторскиот текст по повод Светскиот ден на анестезиологијата и со тоа да придонесете кон поголема информираност за специфичните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести во текот на хируршки и дијагностички интервенции.
Во прилог Ви ги доставуваме целосниот авторски текст и фотографија од авторката.
Ви благодариме за континуираната поддршка и соработка.
Со почит,
„Ретко е да си редок“ – Охрид


















