АктуелноОхрид

Отворен новиот SPAR маркет во Охрид, најголемиот и најснабден супермаркет во градот

Охрид доби нов, современ супермаркет од светски познатиот бренд SPAR, кој денеска официјално ги отвори вратите за потрошувачите во трговскиот центар Ohrid Mall.

 

Новиот SPAR маркет е најголемиот и најснабден супермаркет на подрачјето на градот Охрид, со исклучително широка палета прехранбени производи, производи за домаќинството и сè што е потребно за секојдневно пазарување.

Посебна погодност за потрошувачите е и понудата на готова храна, која може да се купи и да се понесе дома, што претставува практично решение за сите кои сакаат квалитетен и брз оброк. Една од најголемите предности на новиот SPAR маркет е паркинг-просторот во рамки на Ohrid Mall, кој е најголем во градот.

 

Дел од паркингот се наоѓа непосредно до самиот супермаркет и е целосно покриен, овозможувајќи им на посетителите удобно пазарување и директен пристап со количките до своите автомобили, без разлика дали надвор врне дожд, снег или има силно сонце.

 

Со отворањето на SPAR маркетот, Охрид добива ново ниво на услуга во малопродажбата, современ простор за пазарување и богат избор на производи на едно место. Новиот SPAR маркет во Ohrid Mall е веќе отворен и достапен за сите охриѓани, како и за бројните домашни и странски туристи кои го посетуваат градот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)