Од денес на Кеј Македонија во Охрид започнува обележувањето на нова хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Активностите ќе опфатат обновување и обележување на пешачките премини, велосипедските патеки и паркинг-местата долж кејот.

Со поставувањето на новата сигнализација се очекува подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, како и појасно регулирање на сообраќајот и паркирањето на една од најфреквентните локации во Охрид.














