АктуелноОхрид

„Калдрма“ – нова книга посветена на митовите, легендите и историјата на Охрид

Љубителите на Охрид, неговото богато културно-историско наследство, митовите и легендите, на 23 октомври ќе имаат можност да присуствуваат на промоцијата на книгата „Калдрма“, чиј автор е Никола Митровиќ.

Промоцијата ќе се одржи со почеток во 19 часот, во култниот „Fort Cafe“, лоциран кај Самоиловата тврдина, амбиент кој со својата автентичност и историско опкружување се вклопува во духот на Охрид и неговите вековни приказни.

Книгата „Калдрма“ е повод за средба на сите оние кои го сакаат градот, ја ценат неговата историја и се заинтересирани за богатството на приказните, преданијата и легендите што се пренесуваат низ генерациите.

Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани и вљубеници во Охрид, неговото минато и културно наследство.

Промоцијата на „Калдрма“ претставува покана за уште едно навраќање кон приказните што го обликувале духот на градот и остануваат дел од неговиот препознатлив идентитет.