АктуелноОхрид

Кривична пријава за охриѓанец кој фрлил марихуана и се обидел да избега од полициски службеници

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

 

На 10.12.2025 во Охрид, откако ги забележал полициски службеници, пријавениот фрлил марихуана и се обидел да побегне, но бил спречен и марихуаната била пронајдена и одземена.