СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“.
На 03.08.2025 на паркинг простор на Спортскиот центар „Билјанини извори“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена МДМА таблета, која се обидел да ја оштети.

















