Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ на 19 јуни ќе го одржи својот традиционален завршен концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 20 часот.
Пред публиката ќе настапат детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски, како и машкиот хор предводен од хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со духовна музика и богата византиска музичка традиција, а упатија и покана до љубителите на црковното и хорското пеење да присуствуваат на концертот.















