АктуелноОхрид

Михаела Милеска од Враништа е државен првак по физика со максимални 100 поени

Голем успех за ПОУ „Дедо Лазор Циркоски“ од село Враништа – Струга постигна ученичката Михаела Милеска, која на годинешниот државен натпревар по физика го освои првото место и се закити со титулата државен првак.

Под менторство на наставничката Христина Пејоска Тренески, Михаела оствари извонреден резултат, освојувајќи максимални 100 поени и на регионалниот и на државниот натпревар. Со ваквиот успех таа покажа исклучително знаење и целосна доминација во конкуренцијата на ученици од целата држава.

Од училиштето упатија искрени честитки до Михаела и нејзиниот ментор, нагласувајќи дека овој резултат е плод на посветена работа, труд и љубов кон науката.

„Овој извонреден успех е потврда дека со напорна работа и вистинска посветеност се достигнуваат највисоките научни врвови“, велат од училиштето.

На младата физичарка ѝ посакуваат уште многу успеси и достигнувања во понатамошното образование, уверени дека нејзиниот пат во светот на науката допрва ќе биде исполнет со нови предизвици и победи.