ОХРИД – Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид, при што според првичните неофицијални информации, во незгодата учествувале мотоцикл управуван од странски државјанин и патничко моторно возило.
Според засега достапните информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е материјална штета на возилата.
Поради сообраќајката, сообраќајот на овој фреквентен булевар се одвиваше отежнато, при што се создадоа помали застои во централното градско подрачје.
На местото на настанот извршен е увид, а повеќе детали за околностите под кои се случила несреќата се очекуваат по официјалните информации од надлежните институции.
Ова е информација во развој. Повеќе детали наскоро.















