Тврдат дека поскапувањата на услугите на јавните претпријатија се оправдани, затоа што платите требало да се зголемат, а режиските трошоци пораснале. И ние се согласуваме, ДА платите на работниците мора да растат. Тоа не е спорно, но, прашањето е – Кој навистина треба да ја понесе таа обврска?
Дали тоа треба да биде општината, која управува со јавните претпријатија или повторно граѓаните преку нови и нови поскапувања?
Како и секогаш до сега владејачката ДПМНЕ се одлучи за втората најлесна опција за нив. Нека плаќаат граѓаните!
Паркингот поскапува за 30%.
Гробарината – за неверојатни 50%.
Комуналните услуги – повторно 30%.
Сите овие услуги не се луксуз. Тие се основни, секојдневни потреби. Тоа се таканаречени режиски трошоци кои директно го погодуваат секое семејство.
Очигледно, за оваа власт „грижата за граѓаните“ значи граѓаните сами да се грижат за сè: за платите на работниците и за трошоци и нормално за лошото управување на оваа власт.
Наместо рационализација, подобро менаџирање и одговорно трошење на буџетските средства, добиваме најлесно решение – покачување на цените.
Иронијата е што, кога треба да се пофалат, велат дека економијата расте. Но кога треба да се покријат трошоци е тогаш граѓаните мора да платат повеќе.
Ние како опозиција јасно порачуваме:
Платите на работниците мора да растат, но тоа не смее да оди исклучиво на товар на граѓаните.
Општината има обврска да најде одржливи решенија, а не да го користи секое поскапување како прв и единствен одговор.
Граѓаните не се банкомат.
На оваа локална власт и’ се даде доверба и уште една шанса да покажат грижа за граѓаните, а тие и овој пат покажуваат дека единственото нивно решение е граѓаните едвај да врзат крај со крај во месецот.
Но, сепак на крајот останува само народот кој ќе треба да пресуди на следните избори дали е ова најдоброто решение кое им се понудило.










