АктуелноОхрид

Пецаков: Успешно заврши уште едно издание на турнирот од Јадранската Teqball лига во Охрид

Успешно заврши уште едно издание на турнирот од Јадранската Teqball лига во Охрид, настан кој трета година по ред позитивно ја мапира Македонија на светската текбол мапа.
​Турнирот беше одличен пример за тоа како спортот, туризмот и локалната заедница можат да функционираат во совршена синергија.
На турнирот учествуваа и репрезентативците на Македонија во овој спорт охриѓаните Коста Трифуноски и Димитар Пејчиновски. Димитар освои бронзен медал во категороја на машки дубл, додека Коста стигна до четвртфинале во оваа категорија.
Со учество на 40 натпреварувачи од 10 земји, Охрид покажа дека ги има сите капацитети за организација на меѓународни спортски настани на отворено.