На 29.04.2026 во 20:55 часот на Граничен премин Свети Наум, на влез во
државата, полициски службеници ги лишија од слобода М.М.(52), М.Н.(51) и Ф.Н.(26),
сите од Р.Албанија.
При вршење проверки на патничко возило „ауди“ со албански
регистарски ознаки, кое М.М. го управувал, М.М. агресивно се однесувал и
омаловажувал царински службеник кој извршувал службени дејствија, а М.Н. и Ф.Н.
се обиделе да спречат полициски службеници, додека извршувале службени
дејствија.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни
поднесоци.











