АктуелноОхрид

Хуманитарен Велигденски базар

Денес се одржа традиционалниот Велигденски базар кој беше од хуманитарен карактер. Базарот беше организиран од Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски Пазар“, образовните институции, занаетчии, хуманитарни организации и други учесници, а се одржа на плоштадот „Вангел Наумоски“ со продажно-изложбен настан со хуманитарна намена.

Во рамки на базарот беа изложени и понудени за продажба велигденски изработки, ракотворби, ученички творби, декоративни предмети и други креативни производи, изработени од ученици, деца од детската градинка, занаетчии и хуманитарни организации.

Целокупниот износ собран од продажбата е уплатен на сметката на Миле Бежоски – Охриѓанец, за поддршка во лекувањето на неговата бубрежна болест.

Со реализацијата на овој хуманитарен настан уште еднаш се потврди хуманоста, солидарноста и општествената одговорност на граѓаните, институциите и сите учесници, кои преку своето учество дадоа значаен придонес во поддршката на нашиот сограѓанин.