АктуелноИздвојувамеМакедонијаНаш ИзборНаш избор

ФИТ БОКС со гала настан го прослави првиот роденден

Фитнес центарот Fitbox од Охрид го одбележа својот прв роденден со настан исполнет со енергија, емоции и благодарност кон своите членови. Прославата на една година од отворањето собра бројни вежбачи и пријатели на фитнес заедницата, кои заедно уживаа во богата програма и одлична атмосфера.

ЦЕРЕМОНИЈЛНО ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА НА ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ И НАЈВОЗРСАНИ И НАЈУПОРНИ ВЕЖБАЧИ

Пеце Стојановски од ХАРД КОР ШОП и Борче Димоски соработуваат повеќе од 12 години.

Во текот на вечерта беа доделени признанија на деловните партнери и на највозрасните и најупорните вежбачи, како симбол на посветеноста и истрајноста што ја негува оваа фитнес заедница. Сопствениците Борче Димоски и Илија Спасески им врачија и специјални благодарници на дел од членовите кои се издвоиле со својата дисциплина и напредок.

Посебен момент кој предизвика силни емоции и громогласен аплауз беше доделувањето на признание за Наде Ќосеска, највозрасен вежбач во АТГ групата. Нејзината посветеност и љубов кон тренинзите беа инспирација за сите присутни.

Церемонијал мајстор на вечерта беше Ванчо Јованоски , заедно со Ди Џеј Фејс и актерот Никола Тодороски.

Атмосферата беше дополнително збогатена со диџеј сетови и стендап настап на охридскиот актер Никола Тодороски, кој со својот хумор внесе смеа и добро расположение кај публиката.

Прославата продолжи во спортски дух со натпревари во дигање тегови во теретанскиот дел, како и предизвици со функционални вежби, каде учесниците ги покажаа своите способности и натпреварувачки дух. За најдобрите беа обезбедени и подароци, што дополнително ја збогати вечерта.

Од Fitbox истакнуваат дека зад нив стои успешна година исполнета со работа, напредок и градење силна заедница. Центарот нуди разновидни програми – од класични тренинзи во теретана, до АТГ тренинзи, функционални тренинзи и тренинзи со истегнување, под водство на искусни и посветени тренери.

Интересно е да се напомене дека во овој фитнес , освен борачите од Б.К. Аждер кој е дел од центарот, вежбаат речиси сите врвни охридски спортисти ( од клубски и индивидуален спорт ) од најразлични спортски дициплини кои остваруваат врвни резултати во Македонија и регионот.

Со големи планови за иднината, од тимот најавуваат нови изненадувања, инвестиции и уште поквалитетна понуда во годината што следува, со цел да продолжат да бидат едно од водечките фитнес места во Македонија.