Слично како и во останатите градови низ Македонија така и денеска во Струга се одржа Лазаревата поворка. Бројни верници и почитувачи на оваа традиција се собраа во Паркот на поезијата кај црквата Св. Никола и по кратките подготовки ја отпочнаа поворката.




Поворката се одвиваше од едната па до другата страна на реката Црн Дрим ,низ мостото од струшката чаршија и повторно назад од каде што се тргна. Се свиреше и пееше песната „Кажи Лазаре“, како од учесниците на поворката така и од ученички кои беа облечени во народни носии, автентични од струшкиот крај.





По пристигнувањето од поворката на сите дечиња им беа поделени претходно подготвени колачиња и сокче.



Од страна на организаторот најавуваат ова да прерасне во традиција за секоја година , да се одржува Лазаревата поворка во што поголем број.













