АктуелноОхрид

Успешно реализирана “Филмовизија” – вечер исполнета со емоции и хуманост

Во саботата, на 28 март 2026 година, во просториите на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа годишниот традиционален хуманитарен настан „Филмовизија“, кој повторно ги обедини младите таленти и хуманоста на едно место.

Гимназијалците приредија незаборавна вечер исполнета со филмска музика, силни емоции и исклучителна енергија. Публиката уживаше во богата и внимателно подготвена програма, преку која учениците испратија моќна порака за заедништво, солидарност и поддршка.

Салата беше исполнета до последно место, а присутните со аплауз и воодушевување го наградија трудот и посветеноста на младите изведувачи. Настанот уште еднаш покажа дека кога талентот и хуманоста се спојуваат, резултатот е инспиративен и незаборавен.

Хуманата цел на „Филмовизија“ беше успешно реализирана – сите собрани средства ќе бидат донирани за Ева, со што посетителите станаа дел од една поголема приказна на надеж и помош.

„Филмовизија“ и оваа година докажа дека младите се двигатели на позитивни промени во општеството, оставајќи силен впечаток и желба оваа традиција да продолжи и во иднина.

Концертот се реализираше со поддршка на Општина Охрид, чиј придонес беше значаен за успешната организација на настанот.

Повеќе ТУКА