Охрид вечерва се соочува со сериозен прекин во снабдувањето со електрична енергија, откако поголем дел од градот остана без струја.
Според информациите од терен, електрична енергија нема во населбата Христо Узунов, како и во приградските населби Велгошти и Лескоец. Без напојување се и делови од населбата Далјан, улицата Железничка, како и други делови од градот.
Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, споделувајќи дека прекинот се случил ненадејно и без претходна најава, што предизвика загриженост и проблеми во секојдневното функционирање.
Засега нема официјални информации од надлежните институции за причините за прекинот, ниту пак временска рамка за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.
Се очекува во текот на вечерта или утрешниот ден надлежните служби да излезат со повеќе детали за настанатата состојба.












