АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Darrus и Меланија Пентелашоска со нов дует „Suvenir“

Македонскиот артист Darrus ја претстави својата најнова музичка промоција – песната „Suvenir“, која воедно е негов прв официјален дует, реализиран во соработка со Меланија Пентелашоска.

„Suvenir“ носи емотивна музичка приказна инспирирана од љубовта, спомените и убавините на Македонија. Текстот е заедничко дело на Христијан Латкоски (Darrus) и Меланија Пентелашоска, додека музиката и продукцијата ги потпишува Darrus.

Видеоспотот за песната е во режија на Вик Кокароцки, а сниман е на неколку локации во Охрид, при што се доловени природните убавини на Охридското Езеро, со посебен акцент на кампот Градиште.

Со овој проект Darrus прави значаен чекор во својата музичка кариера, носејќи современ звук и силна емоција, како и автентичен визуелен израз на домашната музичка сцена.

Песната „Suvenir“ е достапна на YouTube каналот NS TUNES.