АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Започнува реконструкцијата на охридскиот аеродром со инвестиција од 2,7 милиони евра за негова модернизација

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, денеска официјално го одбележа почетокот на реконструкцијата на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, инвестиција вредна 2,7 милиони евра.

„ Со овој проект, чија вредност изнесува 2,7 милиони евра, средства од ТАВ Македонија ќе се инвестираат во неколку клучни сегменти на охридскиот аеродром, рече во своето обраќање генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџати Курт.

Премиерот Мицкоски во својата изјава подвлече дека очекуваат двоцифрен раст на бројот на патници со ваквата реконструкција.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски истакна дека со ваквата реконструкција ќе се зголеми бројот на патници но и на понуди од авио компании кои ќе влезат во авио сообраќајот во Македонија без субвенции од државата.

На настанот присуствуваа и градоначалниците од Охрид, Струга, Дебарца и Кичево.