Во недела (29 март) со почеток во 13 часот ќе биде означен почетокот на реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
На настанот ќе присуствуваат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
По означувањето на почетокот на реконструкцијата, предвидено е да се одржи и заедничка прес-конференција.












