АктуелноОхрид

(ФОТО) Одржан првиот пролетен Меѓународен фестивал „Кокичиња“ во Охрид

Денеска на летната сцена кај чаршијата во Охрид се одржа првиот пролетен Меѓународен фестивал „Кокичиња“. На фестивалот кој беше од Меѓународен карактер учество зедоа гости од Естонија, Штип, домаќинот КУД „Охриѓанка“ како и од јужниот сосед Грција.

Сите со свои специфики и особености го предочија фолклорот од местото од каде што доаѓаат.

Ваквиот настан привлече и бројна публика која го следеше фолклорот и уживаше во музичките точки.