На 17.01.2026 во 17:46 часот, по сообраќајна незгода што се случила во близина на струшко Ново село, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија лице на (72) од селото Требеништа, општина Дебрца.
По извршено алкотестирање, кај него биле констатирани 1,79 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.












