На 18.01.2026 во 00:50 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга, лишен од слобода е лице на (41) од Вевчани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ што тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,37 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.












