Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление-Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на следните препораки:
– Со оглед на ниската температура на водата во Охридското езеро (околу 8 oC), релативно ниската температура на воздухот која се најавува за 19.01.2026 г. (околу 3 oC), релативно мирни езерски води (северен ветар со брзина од околу 5 m/s), повикуваме на внимание и претпазливост на оние кои планираат да влегуваат во водите на Охридското езеро:
o Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем
o Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај
Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата на организмот!
O ДА НЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОДА СÈ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОЛОЖИ СВЕТИОТ КРСТ ОД СТРАНА НА СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ
o Оние што влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 минути)
Во вода телото се лади многу побргу отколку во воздух, особено при зголемена телесна активност!
o Да облечат обувки при влегувањето во вода
o Да имаат сува и топла облека по излегувањето од вода
– За сите кои ќе присуствуваат на настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваме:
o Да облечат повеќеслојна облека
o Да конзумираат топли безалкохолни напитоци
Редакцијајануари 18, 2026
posted on












