UncategorizedАктуелноОхрид

(ВИДЕО) Охриѓанката Есма Сабри освои две трети места на натпревар за фризури во Малта

Добро познатата физерка од Охрид, Есма сабри не застанува ни малку во својата креативност и инвентивност. Минатиов период Есма учествуваше на натревар на најстарата светска конфедерација во бјути секторот каде понесе две трети места. Конкуренцијата беше силна, но она што Есма го создава и твори од секој прамен коса остава длабок впечаток кај сите, а ретко кој може да остане рамнодушен , особено женскиот пол на нејзината креативност.

СМС-САТе најстарата светска конфедерација на светско ниво. СМС е прва и најстара светска конфедерација на бјути секторот. Благодарение на нашата претседателка Сафија Теса Македонија е членка веќе деветта година во оваа конфедерација, така да и ние од Македонија можеме да учествуваме на вакви светски натшревари од ваков карактер и со ваква тежина, истакнува Есма.

Настанот беше организиран на Светско ниво, каде учествуваа голем број учесници.

-Мене ми се даде можност да се натпреварувам во дисциплина за невестинска фризура и авангард, каде и за двете дисциплини го освоив третото место. Верувајте конкуренцијата беше многу голема, имаше учесници од неколку држави, а самото учество да си дел од нешто толку сериозно е навистина неописливо. Бевме 26 натпреварувачи од Македонија во сите дисциплини. Ние како Македонија добивме неколку места од прво до петто. Ова е навистина нешто со кое што треба да се гордееме сите.