ВидеаВидеоПоследни ВестиСвет

Низ цела Австрија направена е проба со сирени за воздушна опасност

Жителите на Австрија и туристите кои се затекнаа во оваа држава вчера на своите телефони добиле смс пораки во кои биле информирани дека во период од 12 до 13 часот низ цела држава ќе бидат направени проби и ќе биде тестирана функционалноста на системот од сирени, со кои се означува воздушна опасност ( опасност од бомбардирање )

На видео снимка направена во Линц, која на својот Фејсбук акаунт ја објави порталот Patuvanja.mk се гледа и слуша како ечат сирени низ градот, а на друга снимка се гледа и слуша како се тестираат сирени во трговски центар.