На 21.09.2025 во 02 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишен од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник лице на (20) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
По преземени мерки, утврдено е дека двајцата биле под дејство на алкохол, кај возачот се утврдени 1,05 промили, а кај совозачот 1,19 промили алкохол во крвта.
Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.












